Ново видео на финската премиерка Марин, близок танц со другарката

629

Се појави нова снимка од финската премиерка Сана Марин. На најновото видео, 35-годишната премиерка може да се види како танцува со две години помладата инфлуенсерка и модел Сабина Сарка, која ја претставуваше Финска на изборот за Мис на светот 2012 година.

Странските медиуми пишуваат дека снимката е направена во истиот клуб како и досега, каде меѓу другото Марин танцува со пејачот Олави Уусивирт. Од облеката што ја носи финската премиерка на најновото видео, може да се заклучи дека видеата се направени истата вечер.

Ниту премиерката, ниту инфлуенсерката сѐ уште не објавиле ништо за снимката.

Потсетуваме, откако снимките се појавија во јавноста, Марин беше тестирана на дрога, а резултатите покажаа дека е негативна. Таа претходно изјави дека е вознемирена што на интернет се објавуваат видеа на кои таа игра на приватни забави бидејќи се наменети само за пријатели.

– Да, точно, јас сум мажена жена, но мислам дека тоа се работи кои се однесуваат на мојот приватен живот и немам намера детално да ги коментирам. Патем, мислам дека не се случува ништо недолично во тоа видео – изјави Марин за претходната снимка.

Пејачот со која Марин танцуваше претходно ги коментираше видеата. „Има многу шпекулации во јавноста за природата на односот меѓу мене и премиерката Сана Марин. Можам само да ја кажам вистината: ние сме пријатели и ништо несоодветно не се случило меѓу нас“, напиша тој на Инстаграм.

Видеата и фотографиите жестоко ја поделија нацијата и започнаа дебата за јавните настапи на премиерката Марин. Во моментот на снимањето на видеото, таа штотуку се вратила од одмор, пишува агенцијата СТТ, додавајќи дека „тоа значи дека немало лице кое ќе ја замени и ќе ги преземе нејзините должности“.

Премиерката се забавуваше со познати домашни инфлуенсери и уметници во приватен стан пред да оди во уште два локали.