Новинар ги соочи Бугарите со историјата:Ја плативте депортацијата на Евреите од Македонија

149
Според бугарскиот новинар Георги Коритаров, односите меѓу Бугарија и Македонија треба да почнат да се расчистуваат со покајание од Софија за окупацијата на Македонија.

Новинарот Коритаров вели дека Бугарија платила за депортацијата на македонските Евреи во Треблинка во Втората светска војна.

„Бугарија е идеен коавтор и своевиден иницијатор за депортацијата на еврејското население од Македонија во логорите на смртта, а не како што се обидуваат да ја претстават – зборувам за царството и за пронацистичкото раководство на Богдан Филов и на Борис Трети – жртва на нацистички предлози или влијанија. Токму поради тоа, вистината или расчистувањето на односите меѓу Бугарија и денешна Македонија треба да почне со едно вистинско покајание и признание за историска вина на царството Бугарија, не само како фактор за окупирање на соседните територии, туку и како фактор во извршувањето на едно од најзлокобните злосторства – депортацијата на тамошното еврејско население, со цел можеби да му се угоди на Хитлер и по војната, ако тој ја добил, тој дел од бившото Кралство Југославија да биде присоединето засекогаш кон Бугарија. При таква историја јас не знам кој за какви кражби може да се зборува, дали и воопшто каков бил Гоце Делчев според самоопределувањето “, вели Коритаров во својот коментар на ТВ Европа.