Новак Ѓоковиќ во досега невидено издание: Сите го знаеме како најдобриот тенисер на светот, но во слободно време тој е мечка!

140

Тенискиот ас секогаш успева добро да нè насмее

По освојувањето на титулата на Australian Open, Новак ужива со семејството. Се обидува секој слободен момент да го посвети максимално на децата.

Новак им покажал на своите следбеници на Инстаграм како го поминува времето со децата. Тој се маскирал во мечка за да го забавува синот Стефан и покажал колку ужива во моментите поминати со него.

Наследникот на Ѓоковиќ исто така бил маскиран, и тоа во жаба, а судејќи по фотографиите, изгледа дека им било многу забавно.

За да спореди што му е најважно во животот, Новак објавил фотографија со пехарот што неодамна го освоил заедно со фотографијата со синот и напишал:

„Мојот најголем трофеј е улогата на татко!“

loading...