Овие цветчиња сигурно сте ги виделе низ парковите и полињата – растат како коров, а вниманието го привлекуваат со својата необична нијанса на светлосина боја. Многумина денес не се ни сеќаваат дека токму од цикоријата не така одамна се правело одлично бело кафе.
Цикоријата е здрава билка која веќе со векови се користи како природен лек. Ги ублажува проблемите со варењето, вклучувајќи ја и киселината, бидејќи содржи од силниот пробиотик инулин.
Исто така, го намалува нивот на лош холестерол во крвта, па со самото тоа го намалува и ризикот од појава на срцеви болести.
Има антивоспалителни својства кои делуваат на намалувањето на болки кај артритисот, а помага и при слабеењето.
Оваа билка е и добар седатив, па се препорачува на оние кои имаат проблеми со спиењето.
Покрај тоа е и одличен извор на минерали и витамини, а содржи и цинк, магнезиум, манган, калциум, железо, фолна киселина, калиум и витамини А, Б6, Ц, Е и К.
Како замена за кафето се користи коренот од цикорија, додека листовите се специјалитет во кујната ширум светот, иако вкусот им е прилично горчлив.
Се кориси во италијанската, шпанската, грчката и турската кујна. Во Италија најмногу се користи како додаток во тестенините, а во другите кујни оди во комбинација главно со месото.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)























