Светскиот тенисер број 1, Новак Ѓоковиќ приреди вистинско изненадување за Македонија и сите негови фанови од нашава земја… Во поинакво светло, од она вообичаеното на теренот, Ѓоковиќ по триумфот во 3. коло на Вимблдон одлучи да се опушти.
Па, во друштво на физиотерапевтот Миљан Амановиќ се вклучи во живо на Инстаграм за илијадниците свои фанови од светот, од станот во кој е сместен во Лондон, и им ја подари на светот и македонските фанови песната „Македонско девојче“… Ја запеа за сите пријатели од Македонија, притоа посебно потенцирајќи ги Охрид и Охридското езеро…
„Македонско девојче…., многу убава е оваа песната!“