Летниот период и трансфер пазарот штотуку стана двојно по интересен. Во исти ден (односно во исти час) Los Angeles Clippers успеа да направи нешто на кое не се надеваа ни нивните најголеми фанови. Kawhi Leonard кој летово стана NBA шампион и на Toronto Raptors му ја доведе првата титула во клубската историја, по само една сезона во Канада како слободен играч се сели во L.A. За да бидат еден од најсериозните кандидати за врвот на Западот, Clippers-и преку трампа со Oklahoma City Thunder во своите редови го донесоа еден од MVP кандидатите од лани – мултиталентираниот Paul George. Лудило од лето!
Кој ли би поверувал дека тимот кој со децении важеше за потсмев и пример за лошо водена организација (почнувајќи од управата на тимот преку поранешниот сопственик) за толку кратко време може да има ваков пресврт!? Ланската сезона L.A. Clippers докажа дека и без суперѕвезда може да се достигне успех – пласман во playoff-от (нешто на кое ретко кој се надеваше дека се способни да го достигнат со играчкиот нуклеус кој го имаа на располагање). Како фактор повеќе околу тоа колку колективно и борбено играше овој тим е податокот дека на средина од сезоната се откажаа о својот најдобар стрелец Thobias Harris кој во пакет со миленикот на публиката Boban Marjanovic заминаа во Philadelphia!
Предводени од три кратниот најдобар 6-ти играч во лигата – Lou Williams, ексцентричниот Pat Baverly, неуморниот Montrezl Harrell и група млади,надежни и талентирани момци (Landry Shammet, Ivica Zubac, Rodney McGruder) покажаа како тимската игра на која секогаш инсистира нивниот одличен тренер Doc Rivers е правата формула.
Што добија Clippers во само еден час!?
Го добија еден од најкомплетните играчи во лигата како слободен играч без да се откажат од било што! Kawhi Leonard е шампион втор пат (со два различни тима) и еден од ретките кој успеале да бидат MVP на финалето и дефанзивец на годината. Она што го издвојува од останатите ѕвезди е неговиот (најблаго кажано) чуден карактер – повлечен и тивок но, и непредвидлив на моменти. Главна карактеристика му е напорната работа на двата краја од теренот што го прави (можеби) еден од најкомплетните играчи кој се појавуваат на кошаркарскиот терен денес. Подеднакво опасен и корисен во нападот и одбраната.
Paul George е играч за кој ретко кој кошаркарски фан не навива! По страшниот напредок во почетокот на кариерата каде во Indiana Pacers се промовира во голема ѕвезда, претрпе тешка повреда (фрактура на коленото) претставувајќи ја својата земја на припремните натпревари во Август 2014. Од тогаш до сега многу работи се изменија. “PG13” се врати посилен од било кога! Стана комплетен играч и за многумина меѓу најдобрите 10 во лигата. Ги промени тимските бои а лани ја имаше најдобрата сезона во кариерата вбројувајки се меѓу главните кандидати за престижната награда – “играч на годината”! Во спротивна страна заминува огромен пакет сочинет од двајца сосема солидни играчи Shai Gilgeous-Alexander, Danilo Gallinari како и вкупно 7 пика на следните драфтови (од кој 5 во првата рунда). Колку и да звучи глoмазна или комплицирана оваа размена секако дека цената која треба да се плати за да се доведе играч како Paul George е повеќе од заслужена.
Дали можеме од денс да ги сметаме за фаворити!?
Како и секој “ново формиран” тим така и овој на LAC ке му биде потребно време за меѓусебно вклопување. Пласманот во playoff-от не смее да биде доведен во прашање а веќе постоечкиот состав е доволно силен да конкурира на посилните тимови. Имаат 2 суперѕвезди, одличен тренер и повеќе од солидна помош како во стартерите, така и од клупата за резерви. Сеуште тимот е далеку од комплетиран. “Помалиот брат” oд LA главен конкурент има во своите соседи – Los Angeles Lakers. Tимови како Portland Trail Blazers и Utah Jazz релативно рано во летото успеаа драстично да ги подобрат своите шанси во борбата за врвот на Западот. Golden State Warriors и Houston Rockets исто така не смеат да се заборават, а не си ни до половина од реализирање на своите “летни планови”. Едно е сигурно – градското ривалство ке биде активно сезонава а до крајот на преодниот период ни следуваат уште многу изненадувања и трансфери кој ке треба да ја комплетираат сликата. Како ретко досега Los Angeles Clippers успеа за еден час да стане конкурент на големите тимови!
NBA FAN
Димитар Младеновски