Нова визија за iPhone IQ

1150

Многу дизајнери се обидуваат да креираат нов iPhone концепт, но за жал нивните резултати не секогаш се сметаат за интересни..

Меѓутоа, Стил Дрејк креирал предлог за следната генерација на iPhone моделите, наречен iPhone IQ, кој не само што ја имплементира робусната рамка, и „телото“ кое недостигаше, туку е исто така ергономски обликуван и прилагоден за дланката.

Дизајнот за кој зборуваме, повторно се враќа со удобен и креативен модел, што го има во оригиналот. Друга карактеристика на овој модел, вклучувајќи го и бесконечниот дисплеј е невидливата камера и сензорите што се сместени под дисплејот, и генерално поголемата димензија.

Дали ви се допаѓа насоката по кој се движи овој сосема нов iPhone?