Филипче: Кога ќе ни пристигнат 200.000 вакцини од Кина, масовната вакцинација се планира да биде во салата „Борис Трајковски“

813

На средина сме од новиот бран на вирусот, согласно со времетраењето на брановите од околу осум недели, ова е некаде шестата недела. Навистина е голем притисокот во болниците, ние тоа го менаџираме со интензивна работа и координација на сите директори во јавните здравствени установи, каде што се сместуваат пациенти. Нема да дозволиме да нема слободни места, се заземаат клиники кои досега не беа ангажирани и тие се опремени и има кадар, изјави министерот Венко Филипче.

Во изјавата за ТВ Телма, Филипче рече дека масовната имунизација се планира во април и ќе почне со главната количина од 200. 000 дози што ќе стигнат од Кина и од поголемата количина од вкупно 200-те илјади од Русија.