Македонската музичка сцена деновиве ќе ја добие првата професионална ПР агенција, специјализирана за музичка промоција, следење на настани, маркетинг стратегија, промоција на новио аудио и видео музички остварувања… ПромоСтејџ е името на новата музичка платформа која ќе поддржува македонска музика и истата ќе ја промовира на македонскиот и регионален медиумски простор.
Македонската музика за жал е на маргините. Причини има милион, решение само едно. Не навлегуваме во тоа кој е крив што домашната музичка сцена е во пад, но сакаме да навлеземе целосно во идејата да ја вратиме онаму каде што беше… златните 90ти години и годините потота… Имаме добри артисти, музичари, групи, композитори, текстописци.. ни фали само пристојна стратегија и медиумски по агресивен настап… во доба на интернет, социјални медиуми, YouTube и традиционални медиуми немаме причини за кревање раце – велат од ПромоСтејџ
ПромоСтејџ покрај на интернет просторот, редовно ќе ги храни со нови музички информации и традиционалните медиуми. Новинарите од печатените медиуми, радијата и телевизиите постојано ќе бидат обезбедени со најнови информации за проектите во домашната музика… преку колегите – новинари од сите медиуми во Македонија, слушателите и гледачите ќе можат во секое време да бидат информирани што се случува во музичкиот простор кај нас.. за прв пат кај нас ќе се изработуваат и специјални стратегии за настап на музичкиот пазар на веќе оформени музички имиња, а ќе се даде простор и шанса на нови надежи…
ПромоСтејџ ќе биде комплетна специјализирана музичка ПР агенција која ќе поддржува 100% премиум македонска музика. Ќе ги обединува артистите и бендовите од различни музички категории и ќе овозможи професионално следење на нивната работа… првите музички проекти се веќе во подготовка.









![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)






![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)













