Јапонската влада наскоро ќе ја официјализира одлуката контаминираната вода од нуклеарната централа Фукушима да ја исфрли во морето и покрај силното противење на локалното население.
Владата ќе спроведе решение за исфрлање на контаминираната вода во морето до крајот на месецот, додека не се очекува самата операција да започне пред 2022-ра година.
Портпаролот на владата на редовна прес-конференција денеска рекол дека владата засега не одлучила кој план ќе го следи, но додал дека не можат да ја одложуваат одлуката за контаминираната вода за да не се доцни со расформирање на нуклеарната централа во Фукушима.
Околу 1.23 милиони тони контаминирана вода моментално се складирани во повеќе од 1.000 цистерни во близина на нуклеарната централа оштетена за време на големото цунами на 11-ти март 2011-та година на североистокот на Јапонија, кое уследило по земјотрес.
Водата доаѓа од дождови, подземни води или потребните инекции за да се оладат јадрата на реакторите кои започнале фузија по цунамито. Водата е филтрирана повеќе пат за да се ослободи од повеќето радиоактивни супстанци.
Капацитетите за складирање, како што се очекува, ќе бидат пополнети кон средината на 2022-ра година, а јапонските власти разгледувале разни решенија за таа вода последните години.
На почетокот на 2020-та година експертите кои биле ангажирани од владата предложиле исфрлање на водата во морето, пракса која веќе постои во Јапонија и во странство за активни нуклеарни постојки.
Таа опција ја оспоруваат рибарите и земјоделците во Фукушима, кои стравуваат дека со тоа повеќе ќе се влоши имиџот на нивните производи кај потрошувачите.
Соседна Јужна Кореја и натаму забранува увоз на морски производи од тој регион, а и таа изразила загриженост поради еколошкото влијание на решението со исфрлање на контаминирана вода во морето.
Трициумот е опасен за човековото здравје само во многу високи дози, наведуваат експертите. Меѓународната агенција за атомска енергија “IAEA” исто така ќе се заложува за опцијата за ифрлање во морето, каде супстанцата ќе се разгради.