Нова афера во Белата куќа: Доналд Трамп има вонбрачно дете!

839

Поранешен портир во “Trump Tower” во Њујорк тврди дека американскиот претседател Доналд Трамп имал афера со неговата куќна помошничка и дека со неа има вонбрачно дете.

Како што пренесува „СиЕнЕн“, поранешниот портир Дино Саџудин имал договор со компанијата „Американ Медиа“ (AMI) според кој се обврзал да молчи и му било забрането да зборува на таа тема. Меѓутоа, сега кога неговиот договор со “AMI” истекол, тој проговори и ја откри најновата афера на американскиот претседател.

Адвокатот Марк Хелд соопшти дека договорот истекол после долгите преговори со “AMI”. Новинарите на „СиЕнЕн“ дошлее до копија на договорот потпишан помеѓу Саџудин и “AMI”, компанија во сопственост на Дејвид Пекер.

„СиЕнЕн“ ексклузивно ја објави копијата од договорот помеѓу Саџудин и „Американ Медиа“ потпишан на 15-ти ноември 2015-та година во кој што се тврди дека “AMI” има ексклузивно право на приказната на Саџудан за вонбрачното дете на актуелниот американски претседател Доналд Трамп.

Исто така, во договорот било наведено дека портирот може да добие сума од 30 илјади долари после објавувањето на аферата во јавноста, а не добива ништо доколку истата не биде објавена. Во една ставка од договорот пишувало дека Саџудин ќе мора да плати обесштетување од еден милион долари доколку го прекрши договорот.