Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има локален пороен дожд и грмежи, а можна е и појава на град, особено на север. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта и ќе се интензивираат.
Дневните температури ќе се движат од 21 до 35 Целзиусови степени. Во Скопје температурата ќе биде до 35 степени.
Позначителна промена на времето ќе има попладне, преку ноќта и утре кога во поголем дел од земјава ќе има поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен северен ветер, а локално се можни и поинтензивни процеси во форма на невреме.
Врнежите ќе се интензивираат во текот на ноќта и во понеделник, особено во источните делови. Во вторник сѐ уште на места ќе има врнежи од дожд и ќе продолжи да дува засилен северен ветер.
Утре и задутре дневните температури ќе се намалат за околу 10 степени, особено во северните делови.