Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски по посетата на македонската делегација на Унгарија истакна дека унгарскиот премиер е голем поддржувач на Македонија.
-Со премиерот на Унгарија Виктор Орбан, наш голем пријател и поддржувач на Македонија. Човек од кого има многу да се научи! Пријателство кое трае со децении, пошива Николоски.
Владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски учествуваше на унгарско-македонскиот владин самит. Во Будимпешта се одржа тет-а-тет средба меѓу премиерите, но и повеќе билатерални средби меѓу ресорните министри на двете влади. Одржана беше и зедничка седница.
Премиерите Мицкоски и Орбан ги предводеа владините делегации на заедничката меѓувладина седница што се одржа во септември лани во Охрид, на која беше потврдено стратешкото сојузништво меѓу двете земји и реафирмирана силната унгарска поддршка за нашата евроинтеграција.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















