Статус на Никола Груевски:
Македонија мора да се придвижи напред. Повторно да стане силна и гордост на нејзините граѓани. Да стане достоинствено место за живеење, побогата и поправедна земја со посплотен народ во неа. Посакувана за живот а не за заминување.
Позитивната да ја надвладее негативната енергија. Оптимизмот да го победи песимизмот. Меѓусебните помагања, разбирање, толеранција, охрабрувања и позитивни поттикнувања да се повеќе од меѓусебните расправии, нетрпеливост, бесконечни меѓусебни критики и омаловажувања.
Љубовта да ја надвладее омразата. Успесите да се далеку побројни од поразите. Како кај секој поединец, така и кај народот во целина и самата држава.
Загубеното да се поврати, добиеното да се зачува и зголеми или зајакне.
Да биде подобро место за живеење на Македонците и сите други нејзини граѓани, Албанци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци, Власи и останати. Христијани, муслимани, евреи, атеисти, сите сакаат посреќен и побогат живот и посилна држава.
Нека овој Божиќ донесе повеќе сила и пред се мудрост на сите за да се дојде до највозвишените цели.
Христовото раѓање е посебен ден. Ден кој не зближува, не замислува, ден на преиспитување, промислување, ден кога се потсетуваме на вистинските вредности и на Бога. Да пробаме секој ден да размислуваме и делуваме како кога е Божиќ. Колку повеќе успееме, толку животот ќе ни е поубав. Од нас зависи!
Христос се роди! Честит Божиќ!
За многу години здравје и спокојство. Успех и чуство на среќа и задоволство.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















