Никако не консумирајте кафе и цигари на празен стомак

810

Многумина не можат да го започнат денот без утринско кафе и цигари, не размислувајќи колку е опасно за нивното здравје.

Бројни студии покажуваат дека црно кафе има многу придобивки за телото, но дека не треба да се консумира на празен стомак, бидејќи во овој случај може да биде многу штетно за здравјето.

Кога кафето се консумира на празен стомак го зголемува производството на желудечна киселина, и ако вашиот дигестивен тракт е чувствителен, тоа може да влијае на работата на желудникот и да го забрза отчукувањата на срцето.

Кафето на празен стомак може да ја зголеми анксиозноста, нервозата, да ја забрза срцевата работа, да предизвика иритација и пореметување на вниманието. Во утринските часови, тоа влијае на нашиот внатрешен часовник кој е одговорен за контрола на хормонот на кортизол, кој се лачи во стресни ситуации.

НИКОГАШ НЕ ФРЛАЈТЕ ГО ТАЛОГОТ ОД КАФЕТО: Еве како може да се искористи, за ова сигурно не сте знаеле

Taлогот од кафето може да биде одлично природно средство за решавање на некои непријатни ситуации во домот.

Во борба против мравките

Не користете отровни прозиводи за да го заштитете вашиот дом од колоните мравки, посебно ако имате мали деца или домашни миленичиња. Мирисот на талог од кафе ги брка мравките. Доволно е на мало тајнирче да ставите малку, па мравките ќе ја заобиколат вашата куќа. Талогот од кафе може да помогне и во градината, каде може да има дејство кон повеќе други штетници.

Одлично ѓубриво

Благодарејќи на своите својства, талогот од кафе е добро ѓубриво за билките и растенијата. Разблажете го со вода и ќе добиете природно ѓубриво за гноење на растенијата.

Против непријатни миризби

Кафето апсорбира мириси! Ставете талог од кафе во ќеса направете топча и ставете ја во замрзнувач или фрижедер. Талог може да ставите и во пепелникот, па така непријатниот мирис од цигарите брзо ќе исчезне.

Во борба против дамки

Талогот е корисен и за чистење на подовите, посебно ако ви се истури нешто слатко. Доволно е да навлажните мека ткаенина во малку кафе и нежно да ја протриете извалканата површина. Дамките веднаш ќе исчезнат! Со тоа ќе избегнете користење на хемикалии.

Ја чисти решетката од скарата

 

ПРОТИВ НЕПРИЈАТНИОТ МИРИС ВО ФРИЖИДЕРОТ

Ако во вашиот фрижидер постојано се чувствува непријатен мирис, ова ќе биде многу лесно да се реши. Поставете го талогот од кафе во стакло или некој сличен сад каде ќе остане отворено 24 часа. Можете исто така да го држите ова во мијалник или на друго место каде што стои кантата за ѓубре.

ПИЛИНГ ЗА ТЕЛО

Измешајте го талогот од кафе со мед со што ќе добиете одличен пилинг за тело. По нанесувањето и миењето од овој пилинг, вашата кожа ќе биде мека и сјајна. Покрај тоа што е добар за оваков третман, оваа смеса е одлична и за одстранување на целулитот.