Невработен студент и самохрана мајка: Еве како реагираше Твитер заедницата на случајот „Рекет“

554

Вчера во Кривичниот суд во Скопје започна судењето за познатиот случај „Рекет“ во кој се обвинети Катица Јанева, Бојан Јовановски и Зоран Милевски.

Случајот го привлече вниманието на целата македонска јавност, а како што е познато, за разлика од Милевски кој веднаш се изјасни за виновен, поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева и Бојан Јовановски се изјаснија како невини.

„Се уште одам со крената глава и секого можам да погледнам во очи“, изјави Катица Јанева во своето обраќање, додека пак Бојан Јовановски се претстави како невработен студент.

Токму ваквите изјави им дадоа повеќе „материјал“ на Твитерџиите да „распалат“ со своите шеги на сметка на Јанева и Јовановски.