„Невидливиот“ Мојсиев мост по кој поминувате како да одите по вода е чудо на архитектурата

927

Овој мост се наоѓа под нивото на водата, па оние кои што минуваат по мостот на некој начин одат по „разделена“ вода. Баш како Мојсеј откако го раздвоил Црвеното море.

Мостот на некој начин е средство за преминување преку нешто, зарем не? Мостот кој што води преку водата, вообичаено е изграден над водата. Како поразлично? Па, очигледно дека Холанѓаните имаат други идеи…

За некои овој назив е бесмислен, за некои урнебесен. Но, како и да е не може да се одрече дека е прекрасен – Мојсиевиот мост во Холандија.

Овој мост се наоѓа под нивото на водата, но неговите ѕидови од страните ве штитат од неа.

Така минувачите на некој начин одат по „разделена вода“.

Изгледа и звучи како модерно дело, но всушност е изграден уште во 17 век како дел од одбранбениот комплекс Форт де Рувер.

Во тоа лежи и успехот на овој мост – тој не е мост на река, туку мочуриште кое штo ja опкружува тврдината.

Во 19 век мостот бил напуштен, а неодамна бил обновен на необичен начин.

Поради тоа што градските власти не сакале да го нарушат изгледот на целото подрачје кое што потсетува на мочуриште, идејата била да направат „невидлив мост“. Тој исто така е целосно еколошки прифатлив поради тоа што е изграден од непропустливо дрво.

Инаку, мостот се наоѓа во селото Халстерен на западното крајбрежје на Холандија, во близина на белгиската граница.

Посетителите се воодушевени, а некои коментираат дека би било многу поубаво доколку мостот би бил проѕирен.