Ким Јонг Ун се вози во блиндирана лимузина од Германија, а Германците се чудат: Од каде му е таквото возило?

726

На Северна Кореја и е забранета продажба на луксузна роба, вклучувајќи лимузини, поради санкциите на Обединетите нации, кои имале за цел да го притиснат Пјонгјанг да го напушти развојот на нуклеарно оружје.

Германскиот произведувач на автомобили “Daimler”, наведува дека нема поим како лидерот на Северна Кореја, Ки Јонг Ун, ја набавил нивната луксузна блиндирана лимузина.

Како што наведуваат, тие не му ја продале поради санкциите на ОН. Се верува дека претседателот на Северна Кореја користи верзија која е опремена со најнапредни комуникациски и забавни системи.

Ким ја користел блиндираната лимузина на “Daimler” на неколку самити. Се возел со неа оваа недела кога се состанал со рускиот претседател Владимир Путин, како и на двата самита со американскиот претседател Доналд Трамп.

На Северна Кореја и е забранета продажба а луксузна роба, вклучувајќи лимузини, поради санкциите на Обединетите нации, кои имале за цел да го притиснат Пјонгјанг да го напушти развојот на нуклеарно оружје.

Меѓутоа, оваа недела лидерот на Северна Кореја користел две лимузини кои го чекале на станица во Владивосток. Парадирал со “Mercedes Maybach S600 Pullman Guard”, а во придружба имало “Mercedes Maybach S62”.

Се верува дека ја користел “S600 Pullman Guard” за своите самити со Трамп во Сингапур во јуни минатата година и во Ханој во февруари оваа година.

“Немаме апсолутно никаква идеја за тоа како тие возила биле испорачани во Северна Кореја”, рекла портпаролката на “Daimler”, Слике Мокерт.