Протестите во Соединетите Американски Држави продолжуваат и седми ден после убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд од полицијата во Минеаполис.
Во најмалку 40 градови ширум САД е воведен полициски час, но и покрај тоа, демонстрантите и натаму се на улиците. Во 23 сојузни држави е активирана Националната гарда, а претседателот Трамп се закани и со ангажман на војската во сузбивањето на насилните протести.
Ситуацијата ескалираше во Вашингтон каде што демонстранти пристигнаа и во близина на Белата куќа каде што демолираа црква и дополнително го навлекоа гневот на Доналд Трамп.
Поради сериозната ескалација, Трамп го реализираше своето ветување, па на небото над Вашингтон се појавија воени хеликоптери кои летајќи ниско се обидоа да ги исплашат и растераат демонстрантите.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












