„Довидување најлоша прва дамо на Америка“, со овие зборови актерот ѝ се обрати на Меланија Трамп.
Зошто комичарот Џим Кери (59) на социјалната мрежа Твитер ја нападна поранешната прва дама на САД, Меланија Трамп?
Се претпоставува дека „злобниот твит“ ѝ е упатен на Меланија Трамп по „загревањето“ на приказната дека на поранешната прва дама ѝ истекол договорот според кој морала да остане во брак со Доналд сè додека е прва дама. Па, поради тоа што повеќе не е прва дама – сега може слободно да се разведе.
„Злобниот“ твит алудира на парите кои што таа треба да ги добие од разводот.
— Jim Carrey (@JimCarrey) January 22, 2021
Инаку, Џим Кери во месец декември ја сними шестата епизода од хумористичната серија „Saturday Night Live“, а во која што ја толкува улогата на актуелниот американски претседател Џо Бајден.
Кери никогаш не криеше дека има лошо мислење за Трамп и со години го нарекуваше „бебе“ и „лажго“, а во шестата хумористична епизода тогашниот претседател го нарече „кловн“.
Кери ги навредуваше и останатите политичари како, Руди Џулијани и други истакнати личности од администрацијата на Трамп, но неговиот профил никогаш не беше „бануван“.














![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















