НЕКОЛКУ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ ДЕНЕС НЕКА БИДАТ КРАЈНО ВНИМАТЕЛНИ – ЕВЕ ШТО ГИ ОЧЕКУВА (28.06.2018)

893

ОВЕН

Се чувствувате малку постабилно и полека почнувате да им се посветувате на работите кои досега ги одложувавте. Проблемот е во тоа што прво се фаќате за оние работи што се полесни, а потешките ги оставате за подоцна. Деновиве ќе бидете посветени на домот и ќе заокружите некои планови.

Партнерските односи стануваат постабилни, но тоа се уште не е она што сакате да го имате. Партнерот се обидува да се коригира, но таа преобразба оди бавно и никако не можете да најдете заеднички јазик. Веројатно проблемот е во вашата нетрпеливост.

БИК

Чувствувате некое прикриено незадоволство. Вие сте по природа многу стабилни, тешко оддавате што размислувате, но работите не се одвиваат во правец во кој сте замислиле и тоа ве прави нервозни. Во овој период не потпишувајте никакви договори.

Направете план на трошоците затоа што семејниот буџет полека се намалува , а вие немате идеја како да го спречите тоа. Бидете внимателни во односите со партнерот и не дозволувајте мешање од страна. Еден член од семејството, можеби е добронамерен, но тој размислува сосема поинаку од она што вие сте го замислиле.

БЛИЗНАЦИ

Имате многу работа, а помошта што ја очекувате од колегите никако не доаѓа. Имате осет дека никој не работи освен вас. Згора на се, концентрацијата ви е намалена и како да се вртите во круг. Владетелот на вашето поле на домот полека забавува и време е да направите подготовки за следниот период.

Бидете потолерантни и дозволете си компромис. Можно е ново познанство кое ќе ги разбуди вашите емоции. Можеби работите ќе одат бавно за ваш вкус, но ќе морате да се помирите со тоа.

РАК

Денес ќе бидете многу емотивни и повеќе ќе работите со срце отколку со разум. Сакате некои работи да ги свртите во своја корист, но како идеите да ви паѓаат во вода. Имате осет дека сите други имаат корист од вашите идеи освен вас. Партнерските односи ви се напнати и деновиве ќе ги поминете во мали расправии. Доколку сте сами, можно е ново познанство кое ќе ве заинтересира.

Сметате дека сте успеале да се смените и дека повеќе нема да ги повторувате старите грешки, но време е да размислите дали е тоа така.

ЛАВ

Деновиве ќе бидете многу импулсивни и ќе реагирате на секој обид за промена на плановите, што ги имате во врска со работата. Доколку имате сопствен бизнис заедно со партнер, бидете внимателни. Партнерот со сите сили се труди вашите заслуги да ги прикаже како свои.

Доколку имате некој долг, можно е да морате да го платите порано отколку што сте планирале. Во партнерските односи некои ситуации ве вознемируваат многу повеќе од што сакате да признаете. На партнерот константно му барате грешки и тоа може да го закомплицира вашиот однос.

ДЕВИЦА

Егото ви е многу големо и не ви дозволува некои ситуации да ги согледате на вистински начин. Време е да побарате помош од колегите и да не се измачувате со работи кои не ги познавате. Вие навистина сте многу вредни, но тоа понекогаш не е доволно. Чувствувате голема потреба за промена во партнерските односи.

Бидете внимателни и не дозволувајте таа потреба да ве однесе во друг правец. Можна е страсна краткотрајна врска која на почетокот ќе биде слатка, но подоцна може да има горчлив вкус. Доколку сте сами, обрнете внимание на една личност родена во воден знак.

ВАГА

Решенијата кои ги барате за да ја надминете кризата тешко ви доаѓаат. Бидете внимателни со колегите и со претпоставените. Вие сте секогаш за компромис, но овие денови ќе ви пречат авторитетите и тешко ќе наоѓате заеднички јазик. Не навлекувајте врз себе бес од опкружувањето.

Опуштете се и дозволете работите да се случат сами од себе. Во партнерските односи чувствувате пречки, но не знаете што е тоа што ви пречи. Всушност, се работи за неразрешени проблеми од минатото кои во меѓувреме се насобрале и не знаете од каде да почнете со решавањето.

СКОРПИЈА

Деновиве ќе бидете испровоцирани од лошото однесување на некои колеги. Можно е и поради тоа да ставите крај на едно долгогодишно пријателство. Чувајте ја енергијата и не дозволувајте да паднете во оган. Работите брзо ќе тргнат во сакан правец и ќе почувствувате растоварување.

Пари ви доаѓаат од повеќе извори, но сепак се недоволни да ги покријат вашите потреби. Партнерските односи ви стануваат монотони и имате потреба да ги освежите со флерт од страна. Бидете внимателни, тоа може скапо да ве чини.

СТРЕЛЕЦ

Денес ќе добиете понуда во врска со работа која е поврзана со странство. Понудата може да изгледа примамливо, но сепак прочепкајте од страна за да добиете потполни информации. Имате многу обврски кои тешко ги усогласувате со семејниот живот.

Партнерот ги има преземено сите активности во врска со домот и само прашање на време е кога ќе почне да ви забележува. Доколку сте слободни, опуштете се и не очекувајте чуда од најновото познанство. Тоа ќе биде само краткотраен флерт кој ќе ви помогне да го премостите периодот.

ЈАРЕЦ

Се наоѓате во период во кој правите се за да постигнете успех, но тој не доаѓа. Работите се одвиваат постепено и премногу бавно за ваш вкус. Нетрпеливоста може да ве натера да направите грешки и поради тоа бидете внимателни. Колегите веќе почнуваат да ви се лутат за тензијата што ја правите на работното место.

Партнерските односи ви се добри и вие ќе сакате уште да ги подобрите со мали знаци на внимание. Не дозволете партнерот да почне да се сомнева и да се прашува што стои зад таквото однесување.

ВОДОЛИЈА

На работното место почнуваат да се случуваат неочекувани пресврти. Работата се зголемува и вие се наоѓате во период во којшто нема да можете да постигнете на сите да им излезете во пресрет. Бидете внимателни и не дозволувајте да правите грешки зашто може да дојде до откажување на некои однапред договорени работи.

Финансиите ви се добри и тоа ве прави поопуштени во планирањето на идниот период. Љубомората што ја чувствувате кон партнерот може да ве доведе до некои несакани емотивни состојби. Бидете внимателни и не дозволувајте си го тоа.

РИБИ

Напнатоста што се чувствува на работното место ви дава поттик да спроведете некои свои идеи и со тоа да се покажете и да докажете колку сте способни. Доколку ви биде понуден договор кој ќе ви се допадне, не дозволувајте да ја изгубите работата заради некои делови кои не ви се допаѓаат.

Морате да бидете подготвени на компромис и малку да попуштите. Имате потреба некој да ве сака и се трудите тоа да го покажете. Партнерот како да почнува да ве согледува во ново светло и се обидува да поправи некои грешки од минатото. Ако сте слободни, очекувајте краткотраен флерт.