Селин вели дека патувањето во Скопје ѝ било интересно искуство и поинакво од сè што видела дотогаш во животот.
Селин Индиго е млада Холанѓанка, која живее во Париз, и како и многу други девојки патува низ светот, лови прекрасни кадри од разни дестинации и сака да заработува како блогерка за патување.
Сепак, таа е на самиот почеток од оваа приказна. Неодамна Селин го посети токму главниот град на Македонија.
На социјалните мрежи откри дека минала неколку прекрасни денови во градот, чии улици не биле преполни со луѓе и тоа било за неа навистина освежувачкo искуство. Како највпечатливи делови од Скопје ги издвои центарот и кањонот Матка.
Но, Селин на своите пријатели на Инстаграм им откри дека Скопје е еден од најконфузните градови кои некогаш ги посетила. Таа вели дека е град со многу лица, па од модерен центар со италијански градби, изградени пред 10 години за неколку минути сте во стар дел полн со џамии и огромен пазар, мислејќи на Старата скопска чаршија и Бит пазар.
За метропола вели дека е мал и дека 3 дена се сосема доволни за посета и разгледување.
Нејзините фотки направени во Скопје: