„Не те забораваме предавнику, внимавај кога ќе шеташ низ Милано“ (ВИДЕО)

754

Во пресрет на репрезентативната пауза, поранешниот чувар на мрежата од голот на „Росонерите“ доби закани по својата безбедност доколку планира на прошетка во Милано.

Џанлуиџи Донарума ова лето си замина од редовите на Милан без никакво обештетување, што беше голем проблем за „Росонерите“, особено поради кризата со пандемијата која силно удри по клубовите од финансиски аспект.

Младиот Италијанец се реши да го облече дресот на француски ПСЖ, а неговиот потег не помина добро кај ултрасите на Милан кои јавно упатија закана до голманот.

Донарума, неблагодарно ко*иле, ние не ги забораваме предавниците како тебе, внимавај кога шеташ низ Милано“ се вели во нивната порака кон голманот.