Медитеранот е речиси секогаш симбол на добар и квалитетен одмор и топло и сино море.
Меѓутоа, постојат многу дестинации кои можат да се посетат, а кои се наоѓаат, да речеме, на Црното море, а едно од таквите места е Амасра.
Амасра е мало гратче на северот на Турција, на околу 3 часа возење од Анкара. Иако припаѓа на Турција, потеклото на името му е грчко – дури и познатиот грчки писател Хомер во древните времиња истакнал дека ова населено место има голем туристички потенцијал.
Овој град е најдобро да го „запознаете“ пешки и се состои од два споени острови – Големиот и Малиот остров. Големиот остров е поврзан со романтичен римски мост, а најпознатите знаменитости, освен богатата историја и култура, се и двете плажи кои ги носат истите имиња – Голема и Мала плажа.







































