Не престанувајте да се обидувате: Заробените рудари после седум дена испратија порака дека се живи

80

Кинеските спасувачи рекоа дека 12 од 22 заробени рудари по експлозијата во рудникот за злато пред една седмица и натаму се живи.

Како што пренесуваат кинеските медиуми, рударите успеале да испратат порака на која што пишувало: „Не престанувајте да се обидувате да дојдете до нас“, пренесува британски „БиБиСи“.

Во пишаниот извештај било наведено дека четворица рудари се повредени и ситуацијата со останатите се подобрува поради недостаток на свеж воздух и вода, пренесува „АП“.

Судбината на останатите десетмина рудари е непозната. Претходните раководители на операцијата за спасување се притворени затоа што не доставиле извештај за состојбата во рудникот после 24 часа.

Станува збор за рудник во близина на градот Јантаи во провинцијата Шангдонг кој бил во фаза на реконструкција во моментите кога се случила експлозијата пред една седмица.

Повеќе од 300 работници се обидуваат да ги отстранат препреките додека бушат нови отвори во камените ѕидови со цел да дојдат до просторот каде што се наоѓаат работниците.