Не престанува да ја интригира јавноста: Антониа Гиговска ги распамети фановите со новиот изглед

335

Македонската млада пејачка, Антониа Гиговска, постојано ја интригира јавноста со своите необични и уникатни изданија.

Овој пат ја промени бојата на косата – сега е дел од светот на русокосите девојки.

View this post on Instagram

u can call me blondie

A post shared by Antonia Gigovska (@antoniagigovskaa) on

Гиговска на социјалните мрежи сподели фотографија од нејзиниот нов изглед, а веднаш под објавата доби многу коментари, а прв кој искоментира беше Иван Јованов – нејзиниот сакан, кој напиша: „ОMG“.

Познато е дека Гиговска секогаш е средена за пред камерите и изгледа одлично од глава до петици. Со своите модни комбинации, Антониа знае најчесто да ги изненади фановите и нејзините следбеници.

Пофалби доби и од фризерот Даниел Николовски, како и од водителката Елена Стојановска. За кратко време Гиговска доби повеќе од 13.000 лајкови.

Да потсетиме, Гиговска неодамна најави дека подготвува нешто ново на музички план, па останува да видиме со што ќе изненади овој пат.

View this post on Instagram

Happy birthday my love? I am endlessly in love with you.

A post shared by Antonia Gigovska (@antoniagigovskaa) on