Не излегувајте од дома без чадор: Облачно време со врнежи од дожд

240

Времето во земјава ќе биде облачно со врнежи од дожд кои на повеќе места се очекува да бидат пообилни (над 25 л/м2), а локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Дневната температура ќе се движи од 10 до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд со дневна температура до 16 степени.

Во наредните денови нашето подрачје ќе биде под влијание на нестабилна и влажна воздушна маса која ќе предизвика пообилни врнежи од дожд (над 25 л/м2), кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи.