Почетна Забава Не е естрадна ѕвезда, ама затоа е ѕвезда на Инстаграм: Оваа „жешка“...

Не е естрадна ѕвезда, ама затоа е ѕвезда на Инстаграм: Оваа „жешка“ Македонка го има најубавото га*е (ФОТО)

280

Не е естрадна ѕвезда, ниту ТВ водителка, ниту манекенка, топ модел… ама, сепак  важи за најжешката Македонка на Инстаграм. Можеби конкуренција и прават единствено Марија Нацева, Ана Стојанова, Едина Муса… Aма сепак…

Скопјанката Кристина Кочова веќе неколку години речиси секојдневно знае да ги израдува своите обожаватели на социјалните мрежи со жешки фотографии.

На фотографиите во преден план најчесто нејзиниот главен адут – нејзиното совршено газе, за кое самата во едно нејзино интервју открива како го извајала и се’ уште го одржува: „Имам 3 омилени вежби за нозе и задник, а тоа се преса, чучњеви и таканаречено мртво дигање.“

Со фитнесот започнала да се занимава пред една цела деценија, на 19 годишна возраст, во 2008 година. По природа била слаба и сакала да ја зголеми мускулната маса. Не сакала да има мускулест изглед на атлета, па затоа внимението го насочила и се’ уште тоа го прави на женските атрибути, од кои нејзиниот задник изгледа како да е извајан од рацете на Микеланџело.

Каква Ким Кардашијан, каква Коко, Карлеуша… Кики изгледа како врвен светски топ модел или поточно како најпривлечните и најсекси Бразилки со совршени газиња.

Кристина вели дека внимава да не внесува премногу вештачка преработена храна, а за сметка на тоа внесува што е можно повеќе ензими. Протеините се основни и постојани во нејзината исхрана, додека јаглехидратите и маститите варираат во зависност од формата што сака да ја постигне. Се разбира тренингот и физичката активност се неизбежни, па таа активно тренира 4-5 пати неделно, со тоа што 2 пати неделно ги тренира нозете и 2 до 3 пати горниот дел од телото.

„Според моето искуство, после 1-2 месеци почнаа да се забележуваат резултати од тренинзите на моето тело, кои ги забележував и јас и другите околу мене. Затоа сметам дека секој почетник може да постигне видливи резултати за брзо време, доколку сериозно се посвети на вежбањето, дури и без да користи суплементација. Секако постојаноста во вежбањето е најважна, колку подлого време (месеци, години) се вежба, толку повеќе резултатите се подобри и потрајни што е најважно“ – ќе изјави Кристина во своето интервју за тоа како се доаѓа до совршен женски фит изглед.

Позирањето и фотографирањето на сексапилната скопјанка и е второ хоби. Барем според она што може да се види постирано на нејзините профили на социјалните мрежи. Како и не би било, кога има што да покаже, со што да се пофали, да привлече…

Затоа постираните фотографии на социјалните мрежи како една од девојките со најубави газиња, ако не и најубавото во Македонија добива илјадници лајкови.

Особено од машката популација, кај која нејзините фотографии во екстремно мини танга бикини кои постојано ги преферира, кое едвај и да го покрива венериниот брег, буди, воздишки, копнежи, им ја разгорува фантазијата, желбата и еротските соништа…

Интересно е што на скоро сите фотографии лицето на атрактивната Кристина речиси и да не можете да го видите. Ама затоа и тоа како има што друго да се  види…

А, фотографиите можат да ги видат сите. Прашање е кој  ја има таа среќа да биде во „непосреден контакт“ со згодната Македонка со најубаво газе? Како и да е, блазеси му!