Шон Арент, директор на Центарот за здравствена и физичка способност на универзитетот Ратгерс, вели дека верувањето дека ќе се повредиме ако не се истегнеме пред вежбање е само мит.
„Истегнувањето не е лошо. Истегнувањето е сосема во ред, но ако го правите после вежбањето”, вели Арент. „Она што треба да го направите пред тренинг е да се загреете, но тоа не значи дека треба да се истегнувате. Се разбира, мислам на статично истегнување, за време на кое се наведнувате, го допирате врвот на стапалата и останувате така додека ги истегнувате квадрицепсите. Тоа е како да сте ставиле ластик во замрзнувач и потоа го влечете обидувајќи се да го истегнете. Нема да помине долго време пред ластикот да пукне”, објаснува тој.
Од друга страна, ако се загреете пред вежбање, ќе станете пофлексибилни, вели Арент. Затоа е најдобро да се истегнувате додека телото ви се лади после вежбањето.
„Ако сакате да се истегнувате пред тренинг, тогаш тоа треба да е динамично. Треба да правите низа движења, како на пример високи ножни удари и слично. Не се работи за вистинско истегнување, туку за динамично загревање”, вели Арент.
Акутното истегнување ја смалува силата, додека хроничното истегнување ја смалува шансата за повреда. Колку е поголема разновидноста во движењата, толку е поголема општата мобилност на телото и флексибилноста на тетивите.