Тимот на Сакраменто Кингс приреди вистинско изненадување за своите навивачи.
“Кралевите” објавија дека во новата сезона одреден број на натпревари ќе се појават во добро позната “униформа”. Станува збор за “ретро” дресови кој играчите на Сакраменто ги носеа на почетокот на новиот милениум и во период кој беше најуспешен во историјата на тимот.
Главниот град во Калифорнија на престојното првенство прославува љубилејна 40-та сезона откако тимот пристигна од Канзас Сити. “Кингси” повторно ќе се појават во препознатливо издание на 24-ти Ноември кога ќе го пречекаат тимот на Бруклин Нетс. Тимските легенди Даг Кристи и Мајк Биби (кој сега се дел од раководството во тимот) ја имаа таа чест први да го претстават ова слатко изненадување на фановите.
NBA FAN
Димитар Младеновски