NBA колумна на Димитар Младеновски – Постер на сезоната (ВИДЕО)

730

Го имаме едно од најатрактивните забивања сезонава. Слободно можеме да констатираме дека атракцијата на Ja Morant, во самиот финиш на натпреварот помеѓу Мемфис и Феникс, е една од најексплозивните кој сме ги виделе во последните неколку години. Во победата на “гризли мечките” на гостински терен во Аризона (115-108), драматичната последна минута од натпреварот ни го подари и највозбудливиот момент од средбата. Секогаш е возбудливо да се види како ситен бек монструозно забива преку далеку повисок (и покрупен) противник.

Повозрасните љубители на кошарката убаво се сеќаваат на играчи како Robert Pack, John Starks, Dee Brown како и Baron Davis заедно со Steve Francis малку подоцна. Овие бекови ги красеше една иста карактеристика, безстрашливоста во походот кон обрачот, и забивањата во лице на далеку “поголемите” од нив. Добивме уште едно име во листата на “динамит” бекови во мало пакување. Австралискиот репрезентативен центар, Aaron Baynes, овојпат беше жртва на “постерот” во иведба на Morant. Во прилог имаме видео од забивањето (од секој агол) како и изјава за атрактивниот потег од страна на “уметникот”.

NBA FAN

Димитар Младеновски