Весна од Скопје заболена од коронавирусот, со исповед како се заразиле со нејзиниот сопруг

985

Сега кога сме подобри, би сакала да ве известам дека утврдивме дека вирусот стаса од колеги од Србија кои беа во работна посета на фирмата.

Несвесни за болеста која ја носат, имаа контакти со голем број вработени.

Веднаш кога се разболевме, се повлековме дома мислејки дека е грип. Имавме три обиди да направиме тест за корона но од Центарот за јавно здравје не одбиваа со објаснуванје дека штом не сме патувале, нема ризик од корона.

После 5 дена со температура над 39, Зоран доби пневмонија, но ниедна болница не мозеше да го прими заради ризик од корона. Најпосле се тестираше во болницата Филип Втори каде бесе утврдено дека е заразен.

Веднаш потоа се презедоа сите потребни мерки кои фала богу даваат резултати.