NBA колумна на Димитар Младеновски – 10 тандеми кој прерано се разделија

88

Како кошаркарски фанови сме биле сведоци на историско успешни дуети, тандеми кој се памтат со децении по нивната заедничка “дружба”. Најчесто се паметат оние играчи кој во периодот кој играле заедно (во дует) меѓусебно си помагале да достигнат максимум од своите можности. Жално е кога ке се потсетиме на тандеми кој можеа да понудат многу повеќе од она што го остварија играјќи заедно, само доколку останеа во исти тим. Нудиме листа на топ 10 соиграчи кој (за жал) прерано се разделија.

10.Chris Webber и Juwan Howard (1995-1998 Washington Bullets/Wizards)

Двете крила играа заедно во колеџ (Michigan) и заедно во главниот град. Имаа одлична хемија на теренот како и надвор од него. За својата висина беа исклучително подвижни и брзи. Го одведоа Washington и до playoff пласман во 1997 година и беа многу блиску тоа да го сторат и во останатите години во кој беа соиграчи. Вистинска штета беше што летото 1998 година мораа да се разделат по трампата која Chris Webber го испрати во Sacramento.

9.Larry Johnson и Alonzo Mourning (1992-1995 Charlotte Hornets)

Уште еден двоец на високи играчи. Двајцата први пикови на драфтот и двајцата силни, моќни, талентирани. Но за жал нивното неискуство и меѓусебна нетрпеливост си го направија своето. И покрај тимскиот успех кој “стршлените” го имаа оние 3 години во кој настапуваа LJ и Zo заедно, констаните изјави околу тоа кој заслужува побогат договор доведе до нивна разделба. Mourning беше разменет во Мiami (1995 год.) а Johnson во New York една сезона подоцна.

8.Jason Кidd и Kenyon Martin (2000-2005 New Jersey Nets)

Еден од најатрактивните тандеми во тоа време. Еден и од најуспешните, со двоен пласман во NBA финалето. Kaj нив двајца немаше никакви проблеми. Единствен проблем беше што управата на Nets-и (за чудо) не беше подготвена да му даде богат договор на K-Мart (кој и тоа како го заслужуваше). Martin во летото 2005 тој договор го доби од тимот на Denver Nuggets и еден од најдимачните тандеми во лигата беше растурен. Интересно е што при крајот на нивните кариери (2013) повторно играа заено, овој пат за тимот на New York Knicks.

7.Kevin Garnett и Stephon Marbury (1996-1999 Мinnesota Timberwolves)

Имаа младост, талент, управа и тренер кој верува во нив. Имаа и завиден успех играјќи заедно. Во момент кога се очекуваше дека небото е лимит за младиот тим од Минеаполис, управата на тимот се реши на место на Marbury да доведе искусен плејмејкер кој е многу повеќе посветен на тимот отколку на својата игра и статистика. Steph беше разменет за All-Star play-от Terrell Brandon и еден од најсветлите тандеми во лигата беше растурен. После долги години, како ветерани имаа можност за последен пат да настапат заедно (2008 година) во тимот на Boston Celtics.

6.Jason Kidd и Vince Carter (2005-2008 New Jersey Nets)

Уште еднаш Jason Kidd и уште еднаш несватливата политика на тимот на New Jersey Nets. Тимот со овој бековски тандем извлече максимум од своите можности имајќи во предвид колку беше Истокот силен во тој момент а колку беше тенка клупата на Nets-и исто така. Самото тоа што во иста календарска година “мрежичките” ги разменија своите најдобри двајца играчи за епизодисти дава одговор зошто тимот набрзо се релоцира во комшискиот Brooklyn.

5.Allen Iverson и Carmelo Anthony (2006-2007 Denver Nuggets)

Премалку време заедно за толку напаѓачки талент на едно место. Само година и пол овие двајца расни стрелци имаа можност да играа заедно. Ако се има во предвид дека тимот беше одлично пополнет на секоја позиција уште повеќе е жално што овој тим на Nuggets-и не доби права шанса да се докаже.

4.Shaquille O’Neal и Kobe Bryant (1996-2004 Los Angeles Lakers)

Единствено нешто што може да се каже на еден од најдоминантните тандеми кој некогаш стапнале на кошаркарскиот терен е штета. Камо среќа овие два великани да ја имаа онаа зрелост која годините и искуството им ја доведоа. Трите освоени титули се премалку за тоа што се овој тандем можеше да стори заедно.

3.Tracy McGrady и Vince Carter (1999-2001 Toronto Raptors)

Замислете 2-ца од најдобрите 5 играчи во лигата во рок од 15 години да играат заедно само 2 години. Уште една жална приказна како T-Маc и Vince играа само 2 сезони во исти дрес. Самиот факт дека се и крвно поврзани го прави уште потрагичен потегот на Toronto Raptors да не го задржи “братучедскиот тандем” кој неспорно имаше шампионски потенцијал.

2.Shawn Kemp и Garry Payton (1992-1997 Seattle Super Sonics)

Израснаа заедно. Станаа суперѕвезди. Дојдоа на чекор до детронизирање на големите Bulls-и на Michael Jordan во финалето 1996 година. Беа најатрактивниот тандем на 90-тите. И кога изгледаше дека се оди во вистинска насока за тимот од Пацификот, не успеаа да го задржат (за многумина) најквалитетното крило во лигата – “the Reighn man”. Летото 1997 го испратија во Cleveland. Seattle го загуби својот најдобар играч, а 7 години подоцна и својот тим. Oklahoma City (си) го присвои оригиналниот тим на Sonics. Станаа Thunder и го навлекоа гневот на сите искрени кошаркарски фанови. Иронично истиот гнев и разочарување го имаше тоа лето 1997 година, кога управата се реши да го раздели ОРИГИНАЛНИОТ “Lob City”!!!

1.Anfernee “Penny” Hardaway и Shaquille O’Neal (1993-1996 Orlando Magic)

За тоа каков тандем беа овие две млади цуперѕвезди премалку се зборови. Има документарец кој вреди да се погледне:

 

NBA FAN 

Димитар Младеновски

loading...