NBA-Демиен Лилард се враќа дома (ВИДЕО)

106

Демиен Лилард има нов тим.

Деветкратниот “Аll Star” се реши да потпише тригодишен договор со Портланд Треил Блејзерс, клубот кој го доведе во лигата како шести пик на драфтот во 2012 година. Со враќањето во “старото јато” 35-годишниот бек ќе заработи 43 милиони долари. Лилард помина 11 години во Портланд и важи за еден од најдобрите играчи во историјата на франшизата од Орегон. По повредата на ахиловата тетива пред него е период на рехабилитација и е повеќе од јасно дека ќе го пропушти барем првиот дел од престојното првенство. Последните две сезони ги мина како играч на Милвоки Бакс од каде беше ослободен од обврските.

За популарниот “Дејм” беа заинтересирани повеќе конкуретни тимови, но тој сепак се одлучи да се врати на истото место каде што се започна. По објавувањето на информацијата од страна на медиумите во САД тој веднаш на социјалната мрежа “X” објави дека се враќа назад на огромно задоволство на навивачите.

NBA FAN
Димитар Младеновски