Навивачите на АЕК Атина избраа: Тони Савевски – најдобар странец на сите времиња, пред Ривалдо (ФОТО)

132

Вардаровата легенда Тони Савевски, членот на „златната генерација“ од 1987 година и бивш македонски и југословенски репрезентативец е избран за најдобар странски фудбалер на сите времиња во грчкиот гигант АЕК од Атина.

Во гласањето кое клубот го спровел меѓу своите навивачи, Савевски, кој е родум од Битола, доби убедливо најмногу гласови (47 отсто) и уште поубедливо ги победи своите ривали меѓу кои легендарниот Душан Баевиќ, „Принцот од Неретва“, како и бразилскиот великан Ривалдо, екс-фудбалер на Барселона и Милан и светски првак со „кариоките“ од 2002 година.

Савевски ги победи Ривалдо и Баевиќ убедливо, зашто двоецот заедно освои двојно помалку гласови од македонската легенда. Ривалдо имаше 16 отсто, а Баевиќ – 13.

Савевски за Вардар играше до 1988 година, а една година подоцна во генерацијата со Панчев, Најдоски, Јаневски, Канатларовски стана југословенски првак. Од 1988 до 2001 година играше за АЕК во златниот период на атинскиот клуб за кој одигра 356 меча (51 гол) и освои четири титули првак, три купови, два суперкупови на Грција.

За македонската селекција одигра девет меча, а за југословенската два. По завршување на кариерата, беше директор на АЕК, а сега работи во младинската школа на клубот. Важи и за еден од најдобрите странци кои воопшто играле во грчкиот фудбал.