НАУЧНИЦИТЕ ТВРДАТ: Не мора да трошите пари на уреди за прочистување на воздухот, доволно е само да го направите ОВА

168

Германски научници понудија резултати од интригантна студија: Наместо да инвестирате во уреди за филтрирање на воздух, подобро отворете ги прозорците и со тоа проветрете ги просториите

Двајца професори на Технолошкиот универзитет во Централна Германија ги испитале ефектите на двете постапки врз аеросолите кои претходно биле пуштени во празна училница и се прошириле во просторија со помош на вентилатор.

„Резултатите покажуваат дека проветрувањето на просторијата, со отворање на сите прозорци три минути на надворешна температура од 7 до 11 степени Целзиусови, би било доволно за да се намали концентрацијата на аеросолот на 99,8 проценти“, објаснува тимот од Technische Hochschule Mittelhessen (THM).

Спротивно на тоа, четири мобилни филтри за воздух инсталирани во просторијата ја намалија концентрацијата на аеросолот на 90 проценти по 30 минути работење, притоа создавајќи бучава и трошоци.

Германската агенција за животна средина претходно изрази загриженост за употребата на подвижни филтри за воздух во училниците како замена за доброто старомодно отворање на прозорецот, бидејќи тие не обезбедуваат влегување доволно воздух однадвор.

Постојат ситуации кога таквите филтри можат да бидат корисни – на пример, кога прозорците не можат да се отворат, но тие нема да го прочистат целосно воздухот.