Научници од британскиот Универзитет Оксфорд развија брз тест за КОВИД-19 кој може да го идентифкува корона вирусот за само пет минути, објавија пред неколку дена научниците и додадоа дека може да се користи за масовни тестирања на аеродромите и во компаниите.
Од Универзитетот се надеваат дека на почетокот на 2021 година може да почнат со тестирање, а одобрение да добијат шест месеци подоцна. Со тестот би можел да се детектира корона вирусот и да се разликува од други вируси со прилична прецизност, велат експертите.
Нашата метода брзо открива недопрени делови од вирусот, вели професорот Ахилес Капанидис од Катедрата по физика. Тој додава дека тестот ќе биде едноставен, исклучително брз и пристапен.
Брзите тестови на антитела се клучни за масовното тестираљње и повторно ги отвораат економиите во време која вирусот уште слободно циркулира. Тие кои веќе се користат се брзи и евтини, но помалку прецизни од постојните молекуларни PCR тестови.
Иако тестот од Универзитетот Оксфорд ќе биде достапен дури наредната година, може навреме, пред идната зима, да помогне во сузбивање на пандемијата. Здравствените власти предупредуваат дека луѓето мора да научат да живеат со корона вирусот дури и кога ќе се пронајде вакцина.
Идните зимски месеци ќе бидат вистински предизвик затоа што не знаеме кои се ефектите на САРС-КоВ-2 во комбинација со останатите сезонски респираторни болести, велат докторите.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)











![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)







![[ВИДЕО] Колони возила пред бензинските во Русија, земјата се соочува со недостиг на нафта](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2022/03/benzin-gorivo-960x639-1-100x70.jpg)
![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-100x70.png)

