Наташа Малинкова и Александра Јанева се еуфорични!

769

Поп-пејачките Наташа Малинкова и Александра Јанева најавуваат интересна соработка која ќе биде промовирана наредната недела.

“Нашиот летен сингл е карактеристичен заради тоа што ќе биде еден од ретките женски дуети на македонската сцена. Се надеваме дека направиме проект кој ќе им се допадне на сите наши поддржувачи”, вели Наташа.

Дуетот со наслов “Еуфорија” е дело на Столе Аврамов и Зоран Алексиќ, а за видео-продукцијата се погрижи Ѓорги Вацев.

“Во Македонија пејачите се помалку ги спојуваат своите енергии во соработки. Драго ми е што заедничката желба да придонесеме повеќе кон домашната музика ја преточивме во заеднички проект”, додаде Александра.