Наташа Беквалац за Ана Николиќ: „Ѝ се може! Сега одлучи да биде слаба и ослабна!“

104

Визуелната трансформација на поп-пејачката Ана Николиќ продолжува да биде топ-тема во српските медиуми, пред се’ поради фактот што пејачката драстично ослабна и ја врати ставата по која беше препознатлива пред бременоста.

Имено, според српските медиуми, Николиќ по излегувањето од породувалиштето тежела 100 килограми, а по две години успеа да се ослободи од вишокот, па многумина се прашуваат дали навистина е така или станува збор за Фотошоп.

По овој повод се огласи и нејзината колешка Наташа Беквалац, која јавно ја поддржа:

Ана е толку убава и згодна жена што беше прашање на време кога ќе се врати во состојбата да биде задоволна со себе. Ѝ се може! Сега одлучи да биде слаба и слаба е“, изјави новосадската барбика.

Уште една дама ја поддржа Ана Николиќ, упатувајќи и’ го најголемиот комплимент во животот:

Мамо, ти си мачка“, изговорила малата Тара кога ја здогледала мајка си во кратко здолниште.