Наташа Беквалац, Весна Дедиќ и Јелена Бачиќ – Алимпиќ доаѓаат на „Профемина“ во Скопје

582

На 27 ноември во хотелот „Александар палас“ во Скопје ќе се одржи регионалната конференција за жени „Профемина“.

Во рамките на конференцијата е планирано да се реализираат пет панели, на кои ќе се дискутира на различни теми во кои акцентот ќе биде ставен на убавината, негата, здравјето и на сè што е од исклучителна важност за припадничките на понежниот пол.

Прва специјална гостинка на годинешното издание на конференцијата за жени „Профемина“ ќе биде писателката, водителка, новинарка, уредничка и сценарист Весна Дедиќ. Родена е во Осјек, а живее и работи во Белград. Авторка е и уредничка на емисијата „Балканска улица“, која повеќе од 25 години се емитува на РТС, и е една од најгледаните емисии во регионот. Нејзиниот последен роман го носи името „Никад нисам“, кој е 11-от роман што го има објавено.

Весна важи и за една од најнегуваните дами на јавната сцена во регионот, важи за голем борец и апсолутно сè во животот има постигнато сама. Одлично се снаоѓа во кујната и сака да готви. Не е од оние жени што претерано се оптоварени со килограмите, важи за голем гурман по природа, но благодарение на фитнесот кој го практикува со години наназад никогаш немала проблеми со вишок килограми. Редовно оди на масажи и мезотерапија и досега нема направено естетски зафат на себе.

Има еден развод зад себе и мајка е на Ленка, која во моментов студира во Лондон.

Присутните гости на „Профемина 2019“ во Скопје ќе ги почести уште една позната српска писателка и поранешна водителка и новинарка. Станува збор за Јелена Бачиќ – Алимпиќ, која важи за миленичка на регионалната публика. Родена е на 26 март 1969 година во Нови Сад, каде што живее заедно со сопругот Мирослав Алимпиќ, со кого има две деца, синот Марко и ќерката Дуња.

Пред повеќе од шест години се повлече од светот на водителството и му се посвети на пишувањето. Има објавено седум романи, дел од нив се преведени и на македонски јазик, а последен во низата е „Нигде нема те“.

Нејзин заштитен знак отсекогаш бил негуваниот изглед, по природа е голем авантурист и многу сака да патува, а Македонија е една од нејзините омилени дестинации и редовно е наша гостинка.

На „Профемина“, писателката ќе зборува на темата „Што сакаат жените“ и ќе го сподели своето искуство со сите посетители на конференцијата.

Покрај Дедиќ и Бачиќ – Алимпиќ, на 27 ноември во хотелот „Александар палас“ во Скопје доаѓа и српската пејачка Наташа Беквалац.

Новосадската барбика, која ја краси насловната страница на ноемвриското издание на магазинот „Убавина и здравје“, пред македонската публика првпат јавно ќе зборува за сè она што го има обележано нејзиниот живот, како професионалните успеси, така и приватните емотивни подеми и падови.

На регионалната музичка сцена опстојува цели 20 години, а токму по повод на овој голем јубилеј на 14. февруари 2020 година во Белград ќе го одржи и својот прв голем солистички концерт.

Пред посетителите во хотелот „Александар палас“ ќе ја открие и тајната на својот совршен изглед, својата рутина за нега и разубавување, начинот на исхрана и живот.

Покрај овие познати дами од соседството, учество на конференцијата ќе земат и голем број на познати и еминентни имиња од домашната јавна сцена.

Ве чекаме на „Профемина 2019“ во хотелот „Александар палас“. Конференцијата стартува во 10 часот наутро.

Сите наши заинтересирани читателки и поддржувачи на магазинот „Убавина и здравје“ можат да си го резервираат  своето место на оваа престижна конференција.

Пријавувањето може да го направите на мејл-адресата event@colormedia.com.mk

Потребно е да го напишете вашето име и презиме, како и името и презимето на пријателите со кои би сакале да дојдете и во живо да ги слушнете приказните на овие познати дами и да размените искуства со нив.

Тоа можете да го направите најдоцна до 25 ноември. Побрзајте, бројот на местата за седење, подароците и изненадувањата од нашите клиенти се ограничени.