Овој лековит сируп чија главна состојка е рен, ќе ви го освежи имунитетот. Лесно се прави и секој може да го проба…
Главната состојка на овој сируп е рен, намирница која што е богата со Ц, Б1, Б6, Б12 витамин, магнезиум, калиум и железо. Благодарение на тоа, ќе го подигне вашиот имунитет и позитивно ќе влијае на вашата крвна слика, а ќе го забрза и вашиот метаболизам.
Циметот го намалува холестеролот, помага во одржување на нивото на шеќер во крвта во здрави граници и е одличен извор на цинк и манган.

Потребни состојки:
– 150 грама рен
– 3 лимони
– 3 лажици мед
– 1 лажица цимет
– Корен од ѓумбир
Ѓумбирот и ренот излупете ги и изрендајте ги ситно. Исцедете го лимонот и пак додадете го во нив, а потоа додадете ги и сите останати состојки и добро измешајте за сето тоа убаво да се соедини.
Сирупот ставете го во тегла и користете го два пати дневно, по една лажица секој ден наутро, на празен желудник и една лажица навечер пред спиење.

Кога ќе ја потрошите целата смеса, направете пауза од еден месец, а потоа можете повторно да го направите истиот сируп и да продолжите со консумирање.
Сепак, како и за сите други природни лекови така и за овој важи правилото дека доколку примате некаква терапија за хронично заболување, пред употребата на ваквите домашни лекови треба да се посоветувате со доктор.