НАЈНОВА МОДА ВО СРБИЈА ЗА БОЖИК – МАЈКИ ПУКААТ (ВИДЕО)

739

Кога Слободан Ковановиќ ги изговорил зборовите „мамо, те молам“ и ја сними мајка си која пука со пиштол, не можел ни да сонува дека ќе создаде една интернет сеназија која рафално се прошири во цела Србија.

Класичните честитки за празниците и прочуените ланчени пораки овој Божиќ добија сериозна конкуренција, во вид на несериозна шега, пишува српски „Блиц“.

Кога Слободан Ковановиќ ги изговорил зборовите „мамо, те молам“ и ја сними мајка си која пука со пиштол, не можел ни да сонува дека ќе создаде една интернет сеназија која рафално се прошири во цела Србија. Оваа кратка фраза стана толку позната, што стана вообичаена појава на социјалните мрежи.

Сега, една година подоцна, механичарот од белградската населба Жарково доби многу наследници, а неговата пародија доби многу слични објави.

И додека тој „седеше на тронот“ на моменталниот интернет-хит, а според „Блиц“ делел и автограми во белградските кафеани, стигна нов бран кој ужива во новиот тренд.

Така и Стефан Гајиќ, во јавноста познат како Прилепак, фиктивен политичар од свитата на Прелетачевиќ Бели, одлучи да му одговори на Ковановиќ и да покаже дека и тој со својата мајка има слична честитка.

Снимката и оваа година беше актуелна на социјалните мрежи, и многумина фразата „мамо, те молам“ ја искористија на најразлични начини за да ги честитаат празниците.