Надежта умира последна: Шенон Доерти, решена да се бори до крај, верува дека „чудотворен“ лек ќе ја излекува!

544

Поранешната sвезда на хит серијата од 90-тите години „Беверли Хилс 90210“, 49-годишната Шенон Доерти веруваше дека го победила ракот на дојка, кој ѝ беше дијагностициран пред пет години, но ѝ се врати во февруари годинава, се прошири на лимфните јазли и прејде во четвртиот стадиум.

Сега актерката „се фаќа“ за последната капка надеж во желбата да ја победи опасната болест.

Во меѓувреме, светските медиуми известуваа дека Шенон се помирила со фактот дека овојпат нема да може да ја победи болеста и дека веќе се подготвува за најлошото.

Меѓутоа, магазинот „Нешенел енквајер“ даде мала надеж за обожавателите на оваа актерка и во својата нова објава таблоидот тврди дека Шенон не се помирила со смртта, туку дека очајнички се обидува да најде алтернативен чудотворен лек кој што ќе ѝ го спаси животот.

Извор близок до актерката открил дека Шенон се свртела кон алтернативната медицина, особено кон  кинеската. Таа не се откажала од конвенционалните методи на лекување, смртоносната болест која што го разорува нејзиното тело ја натерала да го бара чудотворниот лек од природата кој што може да ја спаси, со оглед на тоа што хемотерапијата не ѝ помага.

– Посетува низа специјалисти од областа на алтернативната медицина додека сè уште има сила во телото. Оди на акупунктура и пие мешавина од различни нобични и лековити билки, кои што наводно го забавуваат растот и ширењето на канцерогените клетки – изјавил изворот близок до актерката.