Докторите предупредуваат: Никако не пијте антибиотици на своја рака кога имате температура!

416

Грипот и настинката се вирусни болести за кои антибиотиците не помагаат

Повеќето луѓе кога ќе се разболат посегнуваат по антибиотици, честопати на своја рака. Но многумина грешат, бидејќи антибиотиците не делуваат на вирусни инфекции.

Докторите советуваат да внимавате кога земате антибиотици и да не претерувате со нивната употреба.

Повеќето инфекции на горните дишни патишта се предизвикани од вируси, па затоа антибиотиците не помагаат. Иако антибиотиците се достапни само со лекарски рецепт, многумина самоиницијативно ги земаат.

Ниту зголемената телесна температура не е автоматски знак дека антибиотиците се потребни. Многу вирусни инфекции на дишните патишта бараат мирување и лекување на симптомите, но не и антибиотици.

Никогаш не треба да земате антибиотици „за секој случај“, бидејќи тие ги убиваат и добрите бактерии од дигестивниот систем, а тоа може да предизвика дијареја или гинеколошки тегоби.

700.000 луѓе во светот умираат од инфекции отпорни антибиотици на годишно ниво, а се претпоставува дека до 2050 година таа бројка ќе порасне на 10 милиони.

Треба да знаете дека антибиотиците и млечните производи со калциум треба да ги пиете во растојание од 2 часа.

Поради намалувањето на бројот на добрите бактерии во цревната микрофлора, во текот на земањето антибиотици се препорачува да консумирате ферментирани млечни производи, како што се јогуртот и киселото млеко. Но тоа не значи дека лековите би требало да ги пиете со млеко, особено ако се работи за тетрациклински антибиотик.

Јадењето лук може да биде корисно против инфекции. Поради активната материја алицин, тој има антивирусно и антибактериско дејство, а единствената мана му е специфичниот мирис. Но ако го вметнете во менито веднаш штом ги забележите првите симптоми, ќе можете да се изборите со инфекциите.

Што се однесува до пиењето антибиотици, важно е да го пиете лекот до крај и во пропишаното врем