Научниците од Универзитетот во Масачусетс со помош на рентгенска компјутерска томографија успеале да го прикажат принципот на работа на славната германска машина за шифрирање “Енигма”, а резултатите од истражувањето биле објавени на сајтот на Универзитетот.
Експертите направиле повеќе од 1.500 фотографии од машината и ги претставиле во вид на 3D анимации, каде може да се видат детали од “Енигма”, односно проводници и ротори кои создаваат криптографски комбинации.
Професорот Филип Визерс истакнал дека научниците за прв пат успеале да ја истражат внатрешноста на машината, а да не ја оштетат.
Експертите наведуваат дека “Енигма” не се разликува премногу од обичните машини за пишување, но речиси е невозможно да се дешифрираат пораките, со оглед на тоа дека за тоа се бара ист уред и специјален код.
Првите “Енигма” машини се појавиле во 20-тите години од минатиот век, но најмногу се дистрибуирале во нацистичка Германија.
Германците на почетокот користеле машина со три ротори, но Полска во 1938. година успеала да дојде до кодовите. После тоа бил додаден уште еден ротор, но експертите од Блечил паркот, каде се наоѓала главната криптографска единица на Велика Британија, во 1941. година го откриле принципот на работа и ја подобриле машината.
