На полноќ истекува рокот за јавен увид, досега вкупно 4 959 граѓани извршиле преглед во Избирачкиот список

125

Од Државната изборна комисија информираат дека досега до нив пристигнале вкупно 2 437 пријави од граѓани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство.

Од нив, како што инфомираат од ДИК, 2 392 пријави се прифатени, 39 се одбиени, а останатите пријави се во обработка.

Најголем број пријави се доставени за гласање во Берн – 256, Љубљана – 213, во Лондон – 127, во Торонто – 136, Виена – 108, Канбера – 99, додека најмал број пријави се поднесени во Талин, Киев и Приштина, односно само по една пријава, и Њу Делхи, Каиро и Сараево, од каде пристигнале по две пријави, информираат од Државната изборна комисија.

Пријавувањето, додаваат од ДИК трае до денеска до 24 часот, и истото во странство ќе се спроведе на 29 септември во дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии на Република Македонија во кои се прифатени најмалку 10 пријави за гласање.

Во однос на податоците од јавниот увид во избирачкиот список, од ДИК инфомираат дека заклучно со вчерашниот ден вкупно 4 959 граѓани извршиле увид во податоците во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК, а во периодот од отпочнувањето на јавниот увид досега, донесени биле и 19 решенија за запишување, 125 решенија за бришење и 24 решенија за промени на податоци во Избирачкиот список.

Јавниот увид во Избирачкиот список, велат од Државната изборна комисија, ќе трае заклучно со денеска, 23 август, до кога граѓаните можат и да се поднесуваат барања за запишување, промена или бришење на податоци во Избирачкиот список.

loading...