Тренерот на Челси, се обиде да застане во одбрана на својот млад играч Мелсон Маунт, кој вчера беше во прв состав за дербито во Манчестер против ѓаволите.
Челси го загуби дербито со 4:0, а тој натпревар Жозе Мурињо го следеше од Олд Трафорд и го коментираше на полувремето и по натпреварот.
Португалецот се обиде да го искритикува младиот Маунт, дека не бил доволно добар за дербито на Олд Трафорд.
„Дали тој тоа навистина го рече? Што да кажам јас друго. Во мојот состав имаше играчи кои беа подготвени за 60 минути натпревар. Она што беше лошо, правевме индивидуални грешки, имавше шанси, но не успеавме да постигнеме гол. Не би требал да бидам загрижен за ничие друго мислење, дали експерт или некој новинар. Јас имам чист простор пред себе, тоа е екипата што ја имам и верувам во неа“, порача Лампард.