Велика Британија ја зафати топлотен бран по што на плажите „се преселија“ илјадници луѓе

159

Температурата на југот на Англија надмина 33 степени Целзиусови, а Британците очигледно заборавија дека и натаму се бројат починатите како последица на коронавирусот.

Властите останале шокирани откако илјадници луѓе се појавиле на плажите во Борнмаут, иако деновиве се едни од најтешките за сужбите на итна помош.

Полицијата буквално ги молела луѓето да си одат дома, но со оглед на тоа луѓето едноставно не сакале да си заминат, биле приморани да издадат дури 558 казни за паркирање, што е рекорден број на така карток период на едно место.

Од плажите биле исчистени и 33 тони смет, а забележано било и нелегално кампување и голем број на физички пресметки.

„Толку многу луѓе, тоа е шокантно. Немавме избор освен ова да го прогласиме за голем инцидент и да иницираме итен одговор“, соопштија британските власти.