Дејвид Бекам и неговата сопруга, модната дизајнерка Викторија Бекам се во брак повеќе од 21 година.
Поради тоа причина, за да имаат повеќе време за себе и својата врска, Дејвид одлучил да направи остар потег, пишува Мирор.
Имено, наводно тој и забранил на Викторија во вечерните часови да го користи мобилниот телефон и да пребарува што има по социјалните мрежи бидејќи тоа е време кое сака да го помине со неа.
За да со сопругата има поквалитетно време, Дејвид ги оставил децата во својот дом и ја однел Викторија на седумдневен одмор.
Бекам се надева дека по неговата сопруга ќе има се повеќе вакви моменти со Викторија. Затоа и рекол дека сака вечери без мобилни, таблети и компјутери.
Извор тврди дека Викторија била многу изненадена што нејзиниот сопруг ја однел на одмор во велнес центар без нивните деца. Наводно за тоа сонувала долго време и одморот го нарекла „чиста фантазија“.
ФОТО: ПРОФИМЕДИА
„Одлучија да имаат повеќе време за себе и да одат на одмор без децата барем двапати годишно. Дејвид е воодушевен со оваа идеја“ тврди изворот.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















