Мртовец станува од ковчег и гледа во собраните луѓе: Пасторот кој тврди дека го оживеал сега се соочува со голем проблем поради измама!

873

На самопрогласениот пророк од Јужна Африка, кој тврди дека оживеал мртовец, му се заканува тужаба од група на тамошни погребни компании, кои наведуваат дека биле изманипулирани.

Пасторот Алф Лук е познат по многуте служби, кои се проследени со снимки, но една од последните предизвикала многу бурни реакции, бидејќи се прикажува наводен мртовец, кој на повикот на пасторот станува од ковчегот и оди покрај запрепастените присутни.

Пасторот за време на службата има цела организација околу себе, така што повеќе личи на скапо циркуз шоу, почнувајќи од оркестарот, златниот микрофон со циркони…

Меѓутоа, покрај исмејувањето на социјалните мрежи, снмката од наводниот воскреснувач наишла на многу сериозни критики, бидејќи станува збор за сериозна манипулација.

„Чуда не постојат, но очајните луѓе сакаат да веруваат во нив. Ваквите работи се измислени за да им земат пари на несреќните и безнадежни луѓе“, соопштила Комисијата за промоција и заштита на културната, религиската и јазичната заедница.

Три погребни компании кои тврдат дека се изманипулирани за да бидат вовлечени во измамата, сега покренуваат постапка против популарниот пастор.

„Наводните членови на семејството на покојникот, ѝ соопштиле на една од компаниите дека имале спор со другите фирми за погребални услуги, така што сакаа да го изнајмат нашиот превоз. Не обезбедивме ковчег, ниту покојникот беше во нашата мртовечница, па немавме увид на мртовецот и другите неопходни документи“, соопштила една од компаниите.

Црквата на пасторот Лук не одговарала на повиците на новинарите.